Потребни состојки:
- 500 гр бисквити
- 750 мл млеко
- 300 гр мелени ореви
- 5 жолчки
- 1 чоколаден пудинг
- 200 гр чоколадо
- 250 гр путер
- 5 лажици шеќер
Начин на подготовка:
- Бисквитите се дробат и им се додава 250 мл млеко.
- Се прави крем од жолчки кои се матат со шеќерот. Откако ќе се сматат, се додава пудингот и се миксира додека да се изедначи смесата.
- Останатото 500 мл млеко го ставаме во сад за варење, а откако ќе зоврие ја додаваме смесата од жолчки, шеќер и пудинг. Тивко вариме и мешаме додека да се добие крем. Во текот на варењето ги додаваме и мелените ореви. Кремот го тргаме од оган и го оставаме да се олади.
- Во меѓувреме, путерот го матиме со миксер и го додаваме во целосно оладениот крем. На крај, ги додаваме и бисквитите кои беа потопени во млеко.
- Ставаме во калап за торта кој претходно убаво сме го подмачкале со малку путер. Се остава во замрзнувач да отстои 4 до 6 часа.
- Украсете по вкус или како на фотографијата.