Тирамису во чаша – готов за 20 минути

popara15 јуни, 20171min00
10

Ова е наједноставниот рецепт за неодоливото тирамису!

Изматете 2 жолчки со 1 лажица шеќер и додадете ја смесата во претходно изматени 500ml неутрална павлака. Додадете и ванилин шеќер.

Земете една широка стаклена чаша, наредете бисквити или пишкоти потопени во инстант кафе, па потоа ставете го филот.

Постапката повторете ја 2-3 пати, зависно од големината на чашата.

Проросете со какао и оставете да се олади во фрижидер.