Потребни состојки:
7 јајца
1 маргарин
100 гр. кокосово брашно
200 гр. шеќер
100 гр. шеќер во прав
1 ванилин шеќер
6 лажици брашно
2 дл. сварено турско кафе
2 лажици какао
50 гр. мелени ореви
1 лист обланда
Изматете ги белките со шеќерот, па додадете ванилин шеќер, свареното кафе, брашно и кокосово брашно. Ставете ја обландата во тава за печење и прелијте ја со смесата. Печете ја кората во рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 40тина минути.
Сварете ги изматените жолчки со шеќерот во прав, какаото и 2 дл. вода, се додека кремот не се згусне. Оставете да се излади и додадете го разматениот маргарин и мелените ореви.
Премачкајте ја изладената кора со филот, па украсете ја по желба. Добар апетит!