Состојки:
- 750 гр мелено месо
- 2 главици кромид
- 2 кришки леб без кора
- 1 јајце
- магдонос по потреба
- 1 лажичка ким
- 2 лажички сол
- путер за пржење.
Подготовка:
- Најпрво натопете го лебот во водата. Исцедете го и претворете го во ситни трошки.
- Така припремениот леб ставете го во поголем сад и додајте ги сите останати состојки.
- Откако убаво ќе ја измесите смесата, со раце оформете топчиња со посакувана големина.
- Во тава на оган загрејте ја маснотијата и убаво пропржете ги ќофтињата, додека добијат пријатна кафеава боја.
- Послужете ги со прилог по желба, а најдобро со свежа салата. На здравје!