3500 години стара гробница полна со мумии откриена во Египет

18 септември, 20170
10

Египетски археолози откриле гробница стара околу 3500год., изградена за време на периодот на 18-тата Династија.

Тоа е познатата ера кога владееле фараонот Тутанкамон и кралицата Нефертити, а новооткриената гробница припаѓала на благородник кој се викал Аменемат и работел како златар.

Тој живеел во периодот помеѓу 1567 и 1320 п.н.е, а гробницата се наоѓа во некрополисот Dra’ Abu el-Naga’ , близу Долината на кралевите, каде фараоните ги граделе своите крипти.

Додека бил жив, Аменемат работел во градот Луксор на 500км од Каиро, 7км од Долината на кралевите, создавајќи златен накит за елитата која ја вклучувала и кралската фамилија.

Иако гробницата е дефинитивно негова, според големата скулптура на златар и неговата жена, поставена до статуа од нивниот син – неговите остатоци сè уште не се целосно идентификувани.

Археолозите пронашле две погребни комори во кои имало мумии, саркофази, дрвени маски и статуи, како и грнчарија. Во една од нив биле остатоци од 3 мумии, но не се знае дали тоа се остатоците од неговата фамилија бидејќи гробницата во минатото веќе била отворена. Низ неа било „буричкано“, што е и причината што главите на мумиите се откриени.

Иако истражувањата сè уште траат, тимот археолози вели дека едната од мумиите која припаѓа на 50 годишна жена пронајдена покрај остатоците на нејзините 2 деца, покажува знаци дека умрела од бактериска болест која влијаела врз нејзините коски.

Не само што ваквите откритија му помагаат на египетскиот туристички сектор, туку можат и да обезбедат витални информации во врска со луѓето кои живееле во овој фасцинантен период на човечката историја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi