Американка осудена на 7 дена затвор бидејќи не го вакцинирала синот

5 октомври, 20170
1

Американката Ребека Бредоу од Мичиген е осудена на 7 дена затвор бидејќи одбила да ја изврши наредбата од судот да го вакцинира синот.

Бредоу и нејзиниот маж се договориле дека нема да го вакцинираат деветгодишниот син.

Родителите во Мичиген можат легално да го одложат или да го избегнат вакцинирањето на децата, доколку тоа е според нивните убедувања, но Бредоу направила прекршок бидејќи не го испочитувала договорот со поранешниот маж, кој наведувал дека тој сака нивното дете да биде вакцинирано.

Парот се развел во 2008 година, но имале заедничко старателство. Таткото сакал да го вакцинира синот, но Ребека Бредоу тоа го одбила, па затоа судот и одредил казна од 7 дена затвор.

„Попрво би седела позади решетки отколку да му дадам на мојот син нешто во кое не верувам“, изјави Ребека по пресудата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi