Бизарна смрт: Момчето ја бакнало за добра ноќ, а по неколку минути починала

14 август, 20170
8

Миријам Лемеј се вљубила само неколку дена пред да умре. Всушност бакнежот на нејзиниот нов избраник ја чинел живот, иако тој немал никаква намера да ја повреди.

Имено, Миријам од Монтреал која имала 21 година, поради агресивна алергија на кикирики, починала. Нејзиното момче, во чиј стан таа ја поминала ноќта, јадел сендвич со путер од кикирики, па се вратил во кревет и ја бакнал Миријам. Момчето не и кажало на Миријам што јадело пред тоа, а не ни бил свесен дека таа е алергична на кикирики.

Миријам немала време да му каже на што била алергична, па така за неколку минути таа добила агресивна алергија. Момчето повикало Брза помош, но за жал кога пристигнале таа веќе била мртва.

Мајка на Миријам, ја објавила смртта на својата ќерка и ја споделува незината животна сторија со цел да ја подигне свеста на сите оние кои имаат алергии, секогаш со себе да носат лекови кои им се потребни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi