Еден психолог открива што вистински значи опсесијата на Трамп со златото

6 февруари, 20170
2

Тој се опкружува себеси со металик бојата и ги замени завесите од Белата Куќа со неговата потпис-нијанса.

Не е тајна дека Претседателот Трамп навистина го сака златото, но што кажува оваа очигледна опседнатост со еден декоративен стил за новиот претседател?

Уште првиот ден откако тој ја презема функцијата, Трамп ги замени црвените завеси што ги имаше Претсетдателот Обама во Овалната канцеларија со драперија во неговата омилена нијанса на златната боја, боја што ја има во изобилство во неговите имоти Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида и во неговиот пентхаус во Њу Јорк Сити (кој има доволно злато и мермер да ве потсети на Версај). Неговиот приватен авион не само што има златни копци на појасите за седишта и во бањата, туку има и спална соба со „метри на елегантна златна свила што ги краси ѕидовите,“ според Аманда Милер од Celebrity Apprentice, која покажа тура на авионот во 2011.

Златната боја исто така често се користи во брендингот на бизнисите на Трамп, посебно во јавните делови на Трамп кулата во Њу Јорк Сити и позлатениот екстериер на Трамп меѓународниот хотел Лас Вегас, кој е буквално направен со стакло покриено со 24-каратно злато.

Користењето на конкретна боја да се дефинира еден бренд не е невообичаено – помислете на сината веб страна на Facebook или начинот на кој Кока-Кола ја користи црвената боја во сите нивни реклами и производи. Плус, Трамп не е единствената личност што има потпис-боја. Франк Синатра ја сакал портокаловата боја – неговиот дом во Палм Спрингс и приватен авион изобилувале со бојата што тој ја нарекувал „најсреќната боја“. Бившата прва дама Ненси Реган носела толку многу светли црвени фустани што нијансата станала позната како Реган-црвена.

Трамп никогаш нема експлицитно кажано зашто ја преферира златната боја.

Џил Мортон, психолог што специјализира за бои и експерт за брендирање и која е одговорна за веб страната colormatters.com, изјави дека преференците за бои се често арбитрарни или дури и потсвесни.

„Скоро во сите култури, меѓутоа, златната претставува луксуз и богатство, таа објасни. Тоа исто така може да симболизира алчност и прекумерност“ – изјави таа за MarieClaire.com.

Нормално е екстремно богатите да користат злато да го покажат нивното богатство, без разлика дали тоа биле кралските семејства на Европа од 18-от век – меѓу кои посебно би се издвоиле палатите на Франција и Русија – или современите хип-хоп артисти. „Тоа им дава чувство на сигурност,“ вели Мортон. „Тоа ги потсетува дека ги имаат потребните пари да се опкружат себеси со злато. Тоа е некој вид на сигурносна покривка.“

Трамп секако сака да ја потсетува јавноста колку заработува тој. Неговиот финансиски извештај во 2015 за Федералната изборна комисија – што е неопходно да го направи секој кандидат за претседател – изјави, „заклучно со оваа дата, нето вредноста на г-н Трамп изнесува повеќе од десет милијарди долари“. (Иако Forbes проценува дека тој вреди многу помалку.)

Златната е комплицирана боја за користење во бренединг денес поради друга причина. „Во американската култура, златната боја за бренд е некако стара школа,“ вели Мортон, кој консултира голем брендови во врска со боите. „Потрошувачот што го таргетирате би помислил дека златната е кич и груба боја.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi