Крв насекаде: Германски овчар го растргнал крадецот кој се обидел да му го ограби домот, сопствениците ги пречекала сцена од хорор

21 август, 20170
7

Германскиот овчар Оден го одбранил својот дом од крадец, а неговиот сопственик, тристан Марин од Вирџинија објавил морничавo видео кое е снимено веднаш по нападот.

Ѕидовите и вратите во куќата биле прекриени во крв бидејќи Оден го нападнал и изгризал натрапникот.

– Кој и да се обидел да влезе во мојата куќа си го заслужил ова. Не си играј со мене и со моите кучиња. Еве што се случило. Германски овчар е најдоброто куче кое можете да го имате – напишал Тристан под снимката која ја објавил на Фејсбук.

Кучето го нападнало крадецот додека тој се обидувал да избега.

Знаците на провала не биле видливи од надвор, а кога Тристан со семејството се вратил од одмор, сите биле шокирани од трагите од крв насекаде низ куќата.

– Мојот најдобар пријател Оден, кој е германски овчар, го заштити мојот дом и работите во него додека јас не бев тука. Моментално сум премногу горд на него. Ви препорачувам сите да си купите куче доколку немате – изјавил Тристан.

https://www.youtube.com/watch?v=W4K0lerf5dU

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi