Москва го жали купувачот на “Путиновиот часовник“ кој е продаден за милион евра

25 јули, 20170
Untitled-1

Прес секретарот на Кремељ, Дмитриј Песков изјави дека го жали купувачот на “Путиновиот часовник“ од брендот “Patek Filip”, кој аукциска куќа во Монако го продала за повеќе од милион евра, а кој според Песков “наседнал на трикот на ова аукциска куќа“.

“Аукциската куќа мора да го има излажено купувачот и дигнато цената“, изјави за новинарите портпаролот на Кремељ, коментирајќи ги наводите дека е продаден часовник кој наводно припаѓал на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Ресков наведе дека Кремељ нема на никаков начин да реагира за продажбата на “Путиновиот часовник“/

“Нема да воспоставиме каква било врска (помеѓи часовникот и претседателот на Русија). Ова прашање е куриозитет кој нема никаква врска со нас“, изјави и додадек дека “купувачот треба да се обрати до аукциската куќа бидејќи овој часовник нема никаква врска со претседателот.“

“Штета за купувачот“, изкави Песков.

Аукциската куќа “Monaco Legend” изјави дека примерокот 239 “Patek Filip triple” – кој наводно припаѓал на Путин, е продаден за неверојатна цена од 1.054.000 евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi