Необично предупредување на Стивен Хокинг: Еве колку време имаме за да ја напуштиме Земјата!

12 мај, 20170
14

Познатиот физичар Стивен Хокинг во новиот документарец го предвидува рокот кој го има човештвото за населување на некоја друга планета, пред Земјата целосно да биде уништена. Тој предупреди дека човештвото мора во следните 100 години да стане мултипланетарен вид, за да избегне изумирање.

Хокинг овие морничави предупредувања ги изнесува во документарецот со наслов “Expedition New Earth” кој ќе биде прикажан ова лето во рамките на новата сезона од научната серија “Tomorrow’s World” на британски „BBC“. Како главни опасности за човештвото Хокинг ги наведува климатските промени, пренаселеноста на Земјата, епидемиите и ударите на астероиди.

Моментално се во тек подготовки за основање на колонија на Марс, а милијардерот Илон Маск и неговата компанија “Space X” интензивно работат на тоа Црвената планета да биде населена во идните неколку децении.

– Не велам дека е блиску судниот ден, но многу работи укажуваат и предупредуваат на тоа дека сето тоа е возможно – изјави визионерот Илон Маск во 2016-та година.

Истата 2016-та година Хокинг предвиде дека шансата човечкиот вид да изумре на Земјата е речиси сигурна кога сите мжности ќе бидат земени во предвид.

– Шансите за големо уништување на Земјата со текот на годините стануваат се поголеми и тоа сигурно ќе се случи во идните 1,000 или 10,000 години -изјави Хокинг и додаде:

– Дотогаш ќе мораме да населиме други планети, инаку уништувањето на Земјата ќе значи и крај на човештвото.

И покрај ваквите лоши вести, Стивен Хокинг нагласи дека нашето сфаќање за универзумот значително напреднало и додаде дека ова е „одлично време за занимавање со теориска физика“.

– Голем триумф е тоа што ние, како човечки вид, нешто што е обична честичка во природата, успеавме да дојдеме до тие сознанија за законите на универзумот кои што управуваат со нас – додава Хокинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi