Нова камера дава совршен поглед во внатрешноста на човечкото тело

20 септември, 20170
5

Медицинските техники за снимање на внатрешноста нашите тела се значително напреднати, но изгледа дека во иднина докторите ќе можат да видат апсолутно сè што се случува под нашата кожа.

Истражувачи создале нов вид на камера со помош на која совршено може да се гледа низ структурите во човечкото тело, детектирајќи извори на светлина зад 20 сантиметри дебело ткиво.

Прототипот на оваа камера е развиен од истражувачи од универзитетот во Единбург и е дизајниран да работи заедно со ендоскопи – долги тенки инструменти опремени со камера, сензори и извор на светлина, наменети за набљудување на шуплините во човечкото тело.

Ендоскопите се вредни алатки за полно медицински процедури, но досега било тешко екстерно да се потврди каде точно во телото гледа инструментот, без за тоа да бидат потребни рендгенски скенови.

Со оваа камера тоа повеќе нема да претставува проблем, бидејќи таа е способна да детектира извори на светлина внатре во телото, како што е осветлениот врв на ендоскопската цевка.

Благодарејќи на илјадниците интегрирани детектори на фотони внатре во уредот, тој може да детектира индивидуални честички светлина кои поминуваат низ човечкото ткиво. Кога фотоните доаѓаат во контакт со телесните структури, светлината обично се распрскува или одбива од ткивото, но чувствителната камера ги забележува и тие малечки траги светлина кои успеваат да се протнат.

Сè уште не е познато кога може да се очекува ваквиот тип на камери да се користат во секојдневните клинички третмани, но како и да е се работи за значаен напредок на овој вид на технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi