Откриена најголемата стапка на диносаурус во светот

30 март, 20170
1

Група палеонтолози од Универзитетот Квинсленд открија во северозападниот дел од Австралија, огромни траги на тревопсаниос заупропод, пренесува The Washington Post.

Научниците до ова откритие дошле во крајбрежниот регион Џејмс Прајс Поинт. Должината на „стапката“ на диносаурусот изнесува 1,6 метри. Вкупно досега научниците успеале да регистрираат отпечатоци од 21 вид од древните влекачи.

„Никаде на светот не сум видел толкава различност. Покрај тоа, сите овие сведоштва се овековечени во камен“, ги сподели истражувачот Стив Сослбери своите импресии.

Палеонтологот наодите ги споредува со „современ парк од периодот Јура“, и апелира на зачувувањето на овој уникатен природен резерват.

Научниците претпоставуваат дека диносаурусите ја населувале споменатата австралиска област во периодот од пред 127 до 144 милиони години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi