Пакистански пејач го прекина концертот за да спаси девојка од злоставување!
18 јануари, 20170
Пакистанскиот пејач Атиф Аслам го прекинал својот концерт во Карачи кога забележал група момчиња како злоставуваат една девојка во првите редови.
Аслам ја прекинал песната кога го забележал злоставувањето и ги повикал момчињата дофрлувајќи им да се однесуваат како човечки суштества.
„Вашата мајка или сестра би можела да биде тука“, им рекол.
Потоа тој ја подигнал девојката на бина и ги замолил организаторите да и најдат друго место.
Воодушевената публика потоа на глас го скандирала неговото име.
Овој џентламенски потег му донел многубројни пофалби од луѓето ширум светот, а некои кои претходно не го сакале, сега рекле дека го почитуваат.
https://www.youtube.com/watch?v=dqkWcxK3Igw