Поранешен бездомник и понудил 130 000 евра за да и се одолжи, а еве како таа реагирала

21 август, 20170
6

Поранешен просјак и бездомник сакал да и даде 130.000 евра на жена која му помогнала пред 24 години.

Имено Хе Ронгфенг, кој има 38 години денес е моќен бизнисмен, успеал да ја најде жената на која никогаш не престанал да мисли, и затропал на нејзината врата за да и даде подарок 130.000 евра.

Бизнисменот порано бил просјак и бездомника во дамнешната 1993. година ја сретнал Даи Ксингфен, која се сожалила над него, па го поканила просјакот во нејзината куќа, го нахранила и разговарала со него.

– Ми даде храна и ми дозволи да преспијам кај неа, а наредното утро ми даде пари за карта. Таа вечер ми рече дека не е срамота да се биде сиромашен и дека сите треба да тежнееме кон тоа да бидеме подобри луѓе – раскажал некогашниот просјак.

Жената била трогната поради тоа што тој сеуште се сеќава на неа, па ги одбила парите, велејќи дека не му помогнала за сето тоа да и се исплати, но прифатила плакат на кој бизнисменот напишал „Мојата благодарност е голема колку една планина“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi