24 мај, 2017

Радио

Тајни телеграми, кои биле скриени повеќе од еден век, откриле што се случувало со телата на луѓето кои ги изгубиле животите во една од најголемите поморски катастрофи во историјата.

Оние кои ги пишувале биле уверени дека тие писма никогаш нема да стигнат до јавноста, а во нив се открива како капетанот на спасувачкиот брод сакал од морето да извлече што е можно повеќе тела од загинатите патници, без оглед на тоа во која класа патувале. Меѓутоа, кога било забележано дека бродот Мекеј-Бенет е премал за 334 пронајдени тела, капетанот донел поинаква одлука. На крајот од бродот биле исфрлени повеќе од 100 тела во морето кои никогаш повеќе не биле пронајдени.

Според телеграмите од бродот биле исфрлани телата на патниците од трета класа, за да се направат места за оние од прва и втора класа, кои според мислењето на екипажот на бродот, имале поголемо право на достоинствен погреб.

telograma01

Вкупно биле пронајдени 334 тела, но 116 од нив биле фрлени во Атлантскиот океан меѓу кои и телата на екипажот на Титаник. Телеграмите кои ја откриваат позадината на пронаоѓањето на телата ги испратил капетанот Фредерик Ларндер од бродот Мекеј-Бенет на компанијата White Star Line, која управувала со Титаник. Од телеграмите е јасно дека ситуацијата била еднакво тешка за двете страни.

Во првите испратени телеграми пишувало: „Апсолутно морате да ги доведете сите тела кои ќе ги собере на спасувачкиот брод.“

Потоа, од Мекеј-Бенет било одговорено: „Детално направивме попис на сите пари и вреден имот најдени кај телата. Зарем не би било подобро сите тела да бидат погребани во морето, освен ако не постои посебна желба од семејствата за да ги задржиме?“

telograma01

После кратко допишување, се договориле дека ќе ги исфрлат телата од жртвите од третата класа, за телата на богатите да им бидат вратени на нивните семејства.

Писмата ги задржал поранешниот работник на Cunard Line, компанија која во 1934 година се споила со White Star Line, а потоа му ги проследил до свој пријател историчар кој ги јавно споделил.

telograma01

Остави коментар

Почетна // вести // Пронајдени тајни телеграми кои откриле што правеле спасувачите со труповите на патниците од Титаник
Горе