Швеѓанец прв во светот изведе двојно салто со скутер на снег

30 јануари, 20170
4

Љубителот на екстремните спортови на снег Швеѓанецот Даниел Бодин стана првиот човек на светот кој изведе двојно салто наназад на скутер за снег.

Како што пренесува сајтот Red Bull, Бодин признава дека повеќе од две години се подготвувал да го изведен овој подвиг, и сега не може да поверува дека на крајот му успеало.

Вели, исто така, дека последните неколку месеци ги минал целосно посветен на подготовките. „Сето останато мораше да паузира“, додава Бодин.

Ова не е првпат Бодин да ги изненадува љубителите на екстремните спортови и корисниците на сервисот YouTube со своите налудничави подвизи. Така, во 2013 година тој со скутер скокна од ски скокалница и пролета 66 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi