Швеѓаните се толку добри во рециклирањето што снемуваат ѓубре

17 јануари, 20170
5 copy

Тие наскоро ќе почнат да го увезуваат од други земји.

Ова е многу интересно! Според весникот The Independent, помалку од еден процент отпад од шведските домаќинства било испратено во депонии минатата година (или било која година од 2011). Во споредба, според National Geographic, 55 проценти од ѓубрето на Американците се закопува во депонии.

Како се Швеѓаните толку добри со справување со ѓубрето? Се испоставува дека тие се многу добри во рециклирање.

Шведска има имплементирано национална политика за рециклирање така што енергијата што се генерира од отпад оди во националната грејна мрежа што ги топли шведските домови во текот на целата година. „Тоа е клучна причина што ја имаме оваа регионална мрежа, за да можеме да го искористиме греењето од отпадните централи. Во јужниот дел на Европа, не се користи греењето од отпад, тоа едноставно оди во оџакот. Тука го користиме како замена за фосилно гориво,“ рече Ана-Карин Грипвал, директор на комуникации за Avfall Sverige, шведската асоцијација за менаџмент на отпад.

Исто така, шведската влада сериозно ја сваќа обврската за заштита на Земјата.

„Швеѓаните многу сакаат да се надвор во природата и тие се свесни што треба да направат за природата и еколошките прашања. Работевме долго време на комуникации за луѓето да бидат свесни дека не треба да фрлаат работи надвор и дека треба да рециклираат и повторно да користат,“ рече Грипвал.

Иако процесот не е совршен, тој е многу подобар од процесите на други места,  толку добар што Шведска наскоро ќе почне да зема ѓубре од соседните земји за да помогне.

Неверојатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi