Угледен хирург тврди: Умрев и заминав во рајот – сега знам како навистина изгледа!

14 декември, 20170
9

Прашањето што следува по смртта е мистерија што никој не може да ја реши со векови.

Приказните за одење во рајот и пеколот, филмовите и сведоштвата на луѓе кои тврдат дека го имале ова искуство, само уште повеќе не збунуваат, бидејќи материјалните и конкретните докази се уште не се појавуваат.

Еден човек кој тврди дека има одговор или барем идеја за тоа што се случува,е д-р Ибен Александар, неврохирург.

Во 2008.година, тој паднал во кома во која поминал една недела и забележал се на што се сеќава во неговата книга “Животот во тивкиот универзум: Патувањето на еден неврохирург во срцето на потсвеста”. Во книгата тој тврдел дека имал впечаток како се качува на небото или на нешто слично.

Во тоа време тој боледувал од инфекција на мозокот позната како менингоенцефалитис, што му оставило само 2 проценти шанса за да преживее. Докторите го приклучиле на апарати за одржување во живот со цел да го “задржат” уште малку.Тогаш почнал да чувствува необична активност. Овој 63-годишен хирург тврди дека светлината се појавила над него и почнал да слуша музика.

– Тоа беше некој вид на вртлог кој емитуваше музика која ја нареков “кружна мелодија”. Светлината се отвори како празнина и чувсвував како да сум вовлечен во неа, во долина полна со бујна и плодна вегетација каде што светкаат водопади. Имаше розови и бели облаци како печурки. Зад нив беше синото небо со дрвја, полиња со животни и луѓе. Имаше и вода и риби во реките, пишува тој.

Ова е убедлива и фантастична приказна за еден човек, но тоа е само неговиот збор за кој не постои начин да се провери дали е вистина или не, пишува Indipendent. Д-р Александар, кој ја објави книгата “Доказите за рајот”, е голем верник во задгробниот живот и укажува на докази за негово постоење.

– Чувството за живот по смртта е многу реално, но нема никакви докази за тоа, пишува малку разочарувачки.

Истражувачите собираат докази за овие и слични искуства и ги покануваат луѓето да ги споделат своите приказни со другите за да ја подигнат свеста за постоење на рајот. На крајот на краиштата, се чини дека се се сведува на тоа колку сме спремни да и оставиме се на имагинацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi