Вели дека ова му е најсреќниот период во животот: Поранешен милионер веќе 20 години живее на пуст остров само со своето куче

23 јуни, 20170
7

Дејвид Глашин (73), 20 години живее на пуст остров каде веќе некое време друштво му прави само кучето Поли, но сепак тој тврди дека никогаш во животот не бил посреќен.

Пред да се пресели на островот „Реставрација“, мал остров во северо-источниот дел на Австралија, овој човек бил „тежок“ 28,4 милиони долари но поголем дел од богатството загубил по падот на берзата во 1987 година. Десет години подоцна, одлучил да крене раце од цивилизацијата.

– Јас сакам да умрам тука, инаку каде на друго место? Ова е мојот рај на земјата. Кога дојдов на островот бев “отруен” од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето, а го растурија и мојот брак – изјави тој по повод дваесет годишнината од неговиот престој на островот.

– Кога сте сами најмногу ви недостасуваат интелигентни разговори и физичкиот контакт со други луѓе. Јас би сакал да најдам партнерка или партнерки, кои би ме посетувале неколку пати во годината.

– Омилено нешто ми е да уживам во природата и мирот. Доколку наидете на неволја, лесно може да го загубите животот. Морските крокодили се извонредни животни и ги сакам, но се многу опасни. Овде не постои рутина и тоа е она што најмногу го сакам – секој ден е поинаков – вели Глашин.

Инаку, Дејвид е роден во Сиднеј, а имал компанија за ископување на злато во Папуа Нова Гвинеја. Брзо откако го напуштила сопругата, поттикнат од новата девојка и од разговорите со неа, тој започнал да истражува каде да оди и наскоро се преселил на островот.

Благодарение на генераторот и соларните панели, тој може да користи и интернет, а островот го напушта еднаш годишно за да се погрижи за личната хигиена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi