Вистинскла драма: Се распаднал дел од моторот на патнички авион среде лет над Атлантскиот океан

3 октомври, 20170
9

Авионот на “Air France” на летот од Париз до Лос Анџелес морал принудно да слета на Њуфаундленд во Канада откако еден од четирите мотори бил тешко оштетен – информираа од француската авиокомпанија.

Airbus A380 авионот, откако останал без еден од четирите мотори бил пренасочен кон принудно слетување на аеродромот Goose Bay. Имено, за време на летот над Атлантскиот океан, еден од моторите експлодирал, односно му отпаднал голем дел и престанал да функционира.

Пилотите успеале да го стабилизираат авионот откако го исклучиле расипаниот мотор, по што, после еден час летање по инцидентот, авионот слетал во Канада. Од “Air France” соопштија дека во авионот се наоѓале 520 патници и членови на екипажот, а никој од нив не бил повреден.

„Авионот слета безбедно. Пилотите и кабинскиот екипаж одлично ја одработија својата работа за време на тој сериозен инцидент“, стои во соопштението на француската авиокомпанија.

По слетувањето, патниците не смееле да го напуштат авионот одредено време, затоа што аеродромот не бил подготвен да прими авион од тој тип. На фотографиите кои што се појавија на интернет, јасно се гледа дека куќиштето на моторот го нема, а има и помали оштетувања на крилото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi