Состојки:
– 6 јајца
– 200 гр шеќер
– 1 пакетче ванилин шеќер
– 200 гр брашно
– 1/2 пакетче прашок за пециво
За фил:
– 8 јаболка
– 2 пакетчиња цимет шеќер
Подготовка:
1. Изрендајте ги јаболката и измешајте ги со цимет шеќерот. Доколку немате таков, додадете си цимет по вкус и шеќер по потреба во зависност од тоа колку се благи јаболката.
2. Плехот од шпоретот обложете го со пек хартија и намачкајте го со малку зејтин. Распоредете ги ренданите јаболка врз хартијата рамномерно.
3. Јајцата со шеќерот и ванилата убаво и густо изматете ги. Рачно измешајте ги отанатите состојки мешајќи од долу нагоре во еден правец.
4. Истурете ја смесата во јаболката и печете во загреана рерна на 180 С, 20-25 минути.
5. Откако ќе го направите, оставете малку да излади за да можете да работите, па превртете го плехот врз платнена салфетка и завиткајте го ролатот.
Оставете добро да се олади пред да го исечeте.