Потребни состојки:
800 гр. црвени пиперки
1 луто феферонче
2 чешниња лук
½ лимон
50 гр. ореви
¼ лажичка мелен ким
½ лажица сол
50 мл. масло за јадење
30 гр. лебни трошки
Припрема:
Измијте ги пиперките и испечете ги на решетката од рерната загреана на 200 степени. Печете ги пиперките околу 40тина минути, а одвреме навреме превртете ги. Откако ќе се испечат излупете ги и исчистете ги од семки.
Во посебен сад ставете ги излупените пиперки, ситно сецканиот лук, феферонката, сокот од половина лимон, кимот и малку испечените ореви. Смесата ставете ја во блендер или сецко и мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
Потоа во смесата додадете сол, маслиново масло и лебни трошки и промешајте. Сосот послужете го со солени крекери, чипс или препечен леб.