Состојки:
- 3 јаболка (се препорачува сорта Грејни Смит)
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка шеќер
- малку сол
- 2 лажички пудинг во прав
- пакување лиснато тесто
- масло
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
Во чинија измешајте изрендани јаболка, цимет, шеќер и сол. Потоа смесата префрлете ја во тава па заедно со пудингот непрекинато мешајте ја. Гответе додека јаболката не станат кашасти.
Додека чекате смесата да се излади, растегнете го лиснатото тесто на површина која претходно сте ја побрашниле. Потоа исечете го тестото на четири правоаголници.
Нанесте од смесата на тестото, а рабовите премачкајте ги со вода, свиткајте го тестото и притиснете со вилушка.
Питите ставете ги во масло и пржете ги од три до пет минути, додека не добијат златна боја.