Потребни состојки:
1 средна тиквичка
¼ чаша сирење
2 супени лажици млеко или павлака
½ чаша моцарела
¼ чаша рендан пармезан или биено сирење
1 јајце
млад кромид без перца
1 чешне лук
1 мала лажичка скроб
1 лажица свежи зачини – нане, копар, или друг по желба
сол, пипер и пармезан за подобар вкус
Начин на подготовка:
Најпрво ја лупиме тиквичката, а потоа ја рендаме и ја ставаме во сад. Ја посолуваме и како таква ја оставаме да одстои 20 минути.
Потоа тиквичката ја цедиме и ставаме во длабок сад, а моцарелата и сирењето ситно дробиме и рендаме.
Истата постапка ја повторуваме и со кромидот и лукот.
Во садот со тиквичката ги додаваме сирењето, моцарелата, јајцето, млекото и скробот, а додека мешаме ги додаваме и исечените главици лук и кромид.
Смесата добро ја мешаме ја посолуваме и наросуваме по вкус секако и црн пипер. Веќе подготвената смеса е спремна за печење, па затоа ни е потребен еден керамички сад. Во загреана рерна на 180 степени печеме од 20-30 минути.
Откако ќе зарумени садот го вадиме од рерна и врз смесата посипуваме пармезан или рендаме кашкавал по желба. Оставаме да се пече уште околу 5 минути. Потоа садот го вадиме и нашиот денешен рецепт е спремен за конзумирање.