Потребни состојки:
- ½ шолја путер
- 1 шолја и 2 лажици кремаст путер од кикирики
- 1 шолја измелени бисквити
- 1 шолја шеќер во прав
- 200g искршено чоколадо
Подготовка:
Во стаклен сад ставете го путерот и стопете го во микробранова. Потоа додадете ја шолјата со путер од кикирики, кршените бисквити и шеќерот во прав. Мешајте додека не се соединат состојките.
Во тава со средна големина ставете пластична или алуминиумска фолија и нанесете ја смесата рамномерно. Оставете да се олади 1 час.
Во меѓувреме истопете ги 2-те лажици путер од кикирики со чоколадото. Добиената смеса ставете ја во тавата.
Оладете уште 1 час, а потоа сечете коцки.