Што бара вашиот партнер? Како да му станете потреба?

14 јуни, 20170
12

Сите знаци од хороскопот очекуваат различни работи од партнерот. Додека Близнаците имаат потреба од постојана акција, Јарецот го привлекува штедливост и истрајност, а Водолијата длабока дискусија…

  • Огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец)

Доколку вашиот партнер е огнен знак, знајте дека страста е главна игра која ја играат Овенот, Лавот и Стрелецот. Надвор од домот, како и во него, вашиот огнен партнер има потреба во целост да ја покаже таа страст. Скоро е невозможно да го предомислите или непотребно да го охрабрувате кога нешто сака. Хранете ја таа страст на позитивен начин и ниеден проблем или идеја нема да бидат нерешливи. Овенот сака пофалби, Лавот паѓа на воодушевувањето, а Стрелецот најдобро реагира на обостран ентузијазам.

 

 

  • Земјени знаци (Бик, Девица, Јарец)

Сигурноста е камен темелниик за среќните Бик, Девица и Јарец. Практичноста, одговорноста и продорноста се сон за партнерите родени во земјените знаци. Никој не е совршен и тоа тие го знаат, но многу го ценат вашиот труд. Додека вложувате во вашиот однос, квалитетот ќе се зголемува со годините и нема да има проблеми. Бикот сака комфорност и стил. Ако е надвор од вашите финансиски можности, но вие го посакувате истото, Бикот ќе ви прости. Девицата е желна за мали гестови за љубов, а Јарецот мрази екстраваганција, но се воодушевува на штедливоста и истрајноста.

 

 

  • Воздушни знаци (Близнаци, Вага и Водолија)

Комуникацијата е она што ги прави среќни овие три знака. Најлошата работа која можете да ја направите е да престанете да зборувате, затоа секогаш продолжете со дијалог и сослушајте го партнерот како смислува нови и интересни одговори, кои само ќе ја градат вашата комуникација. Близнаците сакаат константно да се зафатени и да не им биде досадно. Вагите сакаат мир и хармонија за сите во светот. Водолијата понекогаш може да изгледа одалечено, но таа всушност само сака подлабока интелектуална дискусија.

 

 

  • Водни знаци(Рак, Скорпија, Риби)

Емоции, искреност и прашања од срце се круцијалните работи за овие три знаци. Ниедна логика или грижа на реалниот свет не може да се натпреварува со посветеноста и љубовта против сите чуда. Ракот го обожува семејството. Скорпијата бара посветеност, Рибите знаат многу да бараат, но нежно ја потврдуваат вашата љубов и се` што им треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi