За лесен ручек или вечера, како гарнир или посебно јадење, тука е рецептот за ароматичен печен компир.
Состојки:
2 бели компири
2 црвени копири
1/4 лажичка кромид во прав
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка бибер
1/4 лажичка мајчина душичка
1/4 лажичка сушено нане
1/4 лажичка сушен рузмарин
1/4 лажичка лук во прав
1/4 лажичка оригано
2 лажици маслиново масло
1 лажица рендан пармезан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и за ова време, измијте ги компирите и исушете ги, исечете ги на тенки парчиња за да се испечат подеднакво.
Ставете ги компирите во поголем сад и додајте ги сите зачини и треви, а потоа маслиновото масло. Измешајте добро, за да компирот ги апсорбира сите вкусови. Потоа, поставете го компирот на тепција врз хартија за печење и посипете го со пармезан.Запечете го во рерната околу 20 минути или додека не видите дека има златно-кафеава боја, по што вашиот ароматизиран печен компир е подготвен. Послужете го веднаш.