BMW оваа година ќе донесе одлука за производство на моделот X8

23 март, 20180
6

Моделот X2 се уште не се појави во продукциска форма, а BMW веќе ја разгледува можноста за додавање на нов SUV во врвот на својата понуда.

Шпекулации околу потенцијалниот модел X8 се присутни уште од ноември 2017 година, а сега се појавија информации за моделот кој би можел да биде најскапиот BMW автомобил на сите времиња.

Извори блиски од баварскиот гигант откриваат дека одлуката околу производство на моделот X8 ќе биде донесена оваа година, а ако SUV добие зелено светло, овој модел ќе се појави за неколку години.

Но, пред тоа BMW мора да дознае дали воопшто постои интерес за таков модел, односно дали е исплатлив.

X8 свое место би нашол над моделот X7, кој ќе дебитира оваа година.

BMW X8 би можел да биде многу повеќе од едноставен SUV, односно купе верзија на моделот X7, кој допрва треба да излезе.

Тоа не би било ниту „поголем“ X6, така што не би добил линија на кровот поради која би бил загрозен просторот за главите на патниците на страничните седишта.

Наместо тоа, би била одбрана линија на кровот која ќе овозможи доста простор, а патниците би уживале во еднаква удобност и луксуз кои ги поседува Серијата 7.

Останува да видиме дали моделот X8 ќе започне да се произведува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi