Рачните сопирачки се вид во изумирање!

24 септември, 20180
ррр

Новото истражување покажува дека традиционалните рачни сопирачки се во изумирање.

Повлекувањето на паркирните сопирачки нагоре, со децении беше дел од неизбежниот ритуал на возачите. Се чини дека наскоро ќе им дојде крајот, бидејќи според Car Gurus истражувањето, само 37% од новите автомобили се опремени со традиционална, механичка рачка на рачната сопирачка.

Производителите како Dacija и Suzuki имаат традиционално решение присутно на сите модели. Општо земено, повеќето производители во денешно време, механичката рачна сопирачка ја нудат кај пониско ценетите модели или спортско ориентираните модели.

Во меѓувреме, многу премиум марки ја отфрлаат “старата школа” на рачните сопирачки целосно, заменувајќи ги со електронска паркинг сопирачка. Некои се активираат со движење на стапалата.

Истражувањата покажаа дека Audi, Jaguar, Land Rover, Lexus, Mercedes и Porsche повеќе немаат продадени модели со традиционална рачна сопирачка.

Постојат предности што ги носат електронски контролираните паркинг сопирачки: подобро го обезбедуваат автомобилот и нема потреба од прилагодување.

Покрај тоа, повеќето електронски рачни сопирачки автоматски се деактивираат при поаѓање на возилото, додека во текот на возењето нуди помош при движењето на угорнина. Се разбира, самото отсуството на рачка го прави ентериерот “чист”.

Сепак, на некои од возачите ќе им недостасуваат едноставноста на традиционалните решенија и механичката врска. Секако, постојат маани и на новите електронски паркинг сопирачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi