16 јули, 2018

Радио

Една од првите работи кои „експертите“ ќе ве советуваат да ги направите е да ставите пошироки гуми на автомобилот бидејќи со нив полесно ќе го управувате возилото и многу веројатно ќе го направите автомобилот побрз. За жал, не е секогаш така.

Она што експертите треба да ви го кажат е дека изборот на гуми навистина многу влијае на тоа каков автомобил сакате да возите. Со правилен избор на гумите ќе го усогласите автомобилот со вашите навики на возење, што го прави побезбеден.
Екипата на YouTube каналот TyreReviews реши да направи серија тестови за да ги открие тајните на различните ширини на гумите. Во видеото кое тие го поставија на нивниот канал, користеа BMW 320i седан со 180 коњски сили. Возеа на сува и мокра патека со гуми произведени од Goodyear. Беа направени пет варијации со три вида на гуми: тесни, широки и екстра-широки. Комбинациите изгледаа вака:
1. Напред: тесни; назад: широки (фабричка комбинација на автомобилот)
2. Напред: широки; назад: екстра-широки
3. Напред: широки; назад: широки
4. Напред: тесни; назад: тесни
5. Напред: широки; назад: екстра-широки
Крајните резултати покажаа дека комбинацијата од широки и екстра-широки гуми го дадоа најбавното време на патеката. За време на возењето автомобилот беше најмалку стабилен и скоро да немаше контрола на задниот дел. Фабричката комбинација даде далеку подобри резултати. Оваа комбинација на гуми беше и најлоша на мокра патека, а најдобрите резултати на влажни услови ги даде автомобилот кога сите четири гуми беа од најтесниот тип.
Но, кога се работеше за кочење, тогаш пошироките гуми се покажаа најдобри. Тоа е и логично, бидејќи тие имаат најголема површина која помага при кочењето. Со пошироките гуми посебно се подобрува контролата на кочење во кривини, па затоа тие беа препорачани за градско возење во врнежливи услови. Погледнете го видеото подолу за да го видите целиот тест.
Најважното е да го чувствувате автомобилот како ваш и да имате контрола над него. Најпрво препознајте го вашиот стил на возење, како и вашите потреби. Потоа, можете да изберете гуми кои ќе одговараат на вашата вештина зад воланот.

Остави коментар

Почетна // авто-мото // Зошто пошироките гуми не се секогаш подобри?
Горе