Домаќинки, ова е одлично за да ги изненадите сите околу Вас…
Лесно е и брзо, истовремено вкусно и едноставно…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Сол
Прашок за пециво
Кисели краставички
300 грама брашно
200 грама шунка
500 милилитри јогурт
Малку масло
200 грама кашкавал
4 јајца
Чај од мајчина душица
НАЧИН НА ПОДГОВОТВКА:
Рерната се загрева на температура од 190 степени. Најпрво, во длабок сад се ренда кашкавалот. Во посебен сад се сецкаат шунката и киселите краставички, а во тред сад се мешаат: јогуртот, јајцата, брашното, солта, прашокот за пециво, со што ќе се добие изедначена смеса, без грутки. Потоа, се додаваат другите состојки: шунката, краставичките, кашкавалот, мајчината душица и маслото.
Се мачка плехот со масло, а врз него се става хартија за печење. Врз хартијата, се прелева соединетата смеса и се пече 30 минути. Додека е топла, веќе испечената смеса се сече на коцки.
Ве предупредуваме дека неколку минути после печењето, може да добиете барање за уште еден таков колач…
Вашите најмили ќе бидат презадоволни !
Уживајте!!!