Состојки:
- 2 јајца
- 3 банани
- 125гр маргарин
- 100гр кафеав шеќер
- 200гр брашно
- 200грмалини
- 1 прстофат сол
- 100гр темно чоколадо
- малку цимет
- 25гр какао
- на врв на ножот сода бикарбона
Подготовка:
Со вилушка изгмечете ги бананите, па во друг сад соединете го маргаринот со кафеавиот шеќер, потоа додадете јајца и прстофат сол, па дури на крајот бананите. Стопете го чоколадото со малку маргарин и кога малку ќе се олади додадете го во садот. Се треба убаво да се соедини. Во длабока чинија ставете ги сите суви состојки: брашно, цимет, какао во прав, сода бикарбона и промешајте. На крајот постепено додадете ги сувите состојки во смесата од банана, додајте ги јајцата и лесно мешајте додека не добиете еднаква маса. Со маргаринот подмачкајте го плехот за печење и истурете ја смесата. Од горе, ако сакате, можете да декорирате со една исечена банана и изпечете го во претходно загреана рерна на 200C. Со чепкалка проверете дали колачот е печен, од прилика треба околу 25 минути (зависи од рерната).