Домашен леб без квасец и пченично брашно

popara15 август, 20181min00
l

 Состојки

  • 200 гр оризово брашно
  • 200 гр брашно од хељда
  • 50 гр брашно од зоб (или ориз или леќа, во зависност од тоа каков вид на леб сакате на крајот)
  • 500 мл газирана минерална вода
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички сода бикарбона
  • малку маслиново масло
  • по желба сусам

Подготовка

1.Измерете брашно и ставете го во сад. Додајте сол и направете мала дупка во средината на купот. Ставете сода бикарбона во неа. Јас стиснав многу малку сок од лимон за да дојде до неутрализација за да се избегне горчлив вкус на лебот. Постепено додавајте минерална вода и мешајте (јас користам силиконска лажица, нема потреба од миксер или жица). Ако сакате, додадете повеќе или помалку минерална вода; ако замесите поретко тесто,  помала е можноста да се распука кога ќе се пече. На самиот крај, додадете малку маслиново масло. Ако сакате, додадете сусам.

2.Калапот за леб премачкајте го малку со маслиново масло. Истурете ја смесата во калапот, распределете ја рамномерно и посипете ја со сусам.

3.Ставете го лебот во рерната на 175 ° C да се пече 60 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag