Состојки
За подлога:
150 гр сецкани ореви
За тесто:
4 јајца
Малку сол
4 лажици шеќер
220 гр гриз
1 кафена лажичка прашок за пециво
1 кафена лажичка цимет
100 мл масло
100 мл млеко
За прелив:
450 гр шеќер
Сок од половина лимон
Малку вода – до 150 мл
Подготовка:
Оревите се сецкаат, а може и со блендер.
Гризот се меша со прашокот за пециво и циметот.
Тепсијата со димензии 28х20 се подмачкува со маргарин и се обложува со хартија за печење.
Хартијата се мачка со маргарин, а на дното се ставаат сецкани ореви.
Тесто:
Се прави снег од белките со малку сол, се додава шеќер и се мати со миксер. Се додаваат една по една жолчките.
Додадете ги маслото, млекото и на крај мешавината од гриз и прашок за пециво, па изматете добро со миксер.
Смесата исипете ја врз сецканите ореви. Се пече во претходно загреана рерна на 190 степени, 20 минути.
Печеното тесто се превртува на тацна поросена со презла или мелени бисквити. Веднаш се сече на парчиња. Со лажица парчињата се префрлаат во тепсијата каде го печевте тестото.
Во сад додадете шеќер, сок од лимон и вода и варете на силен оган 5 минути за да добиете густ сируп.
Со врелиот сируп се попаруваат парчињата.