Еве како правилно да ја наполните батеријата на вашиот мобилен телефон?

22 јануари, 20180
8

Одредени мобилни уреди доаѓаат со потполно наполнета батерија која треба да се потроши за да се наполни за прв пат, додека други со празна, па оттаму се јавува и дилемата дали уредите треба да се испразнат, па да се полнат или пак треба да се внимава и кога ќе преостанат 15% од неа да се започне со истото.

Основно правило за да го избегнете прегрејувањето и оштетувањето на вашата батерија е дека не треба да ги оставате полначите вклучени во струја после полнењето.

Постојат неколку правила кои би можеле да го продолжат траењето на вашата батерија, но и да го подобрат користењето на вашиот смартфон.

Едно од нив е дека треба батеријата на вашиот телефон колку што е можно почесто да ја полните. Кога и да имате минутка плус пожелно е да го поврзете вашиот телефон со вашиот полнач. За разлика од старите верзии на батерии на поновите ова не може да им наштети.

Никако не оставајте вашиот мобилен телефон да се исклучи, а потоа да го ставите на полнење. Длабокото празнење на батеријата повеќе штети отколку што и помага на батеријата, а го скратува и нејзиниот век на траење.

Батеријата треба да се полни откако ќе биде испразнета од 65 до 75 проценти. Ова претставува магична граница која треба да го осигура продолжувањето на траењето на батеријата.

Немојте да ја полните батеријата до крај доколку целосно претходно била испразнета. Ова посебно важи за литиум-јонските батерии кои се користат во смартфоните, а препорачливо е поради високата волтажа која настанува при целосното полнење на батеријата што доведува до долгорочно оштетување.

Многу од корисниците практикуваат да ја полнат батеријата во текот на ноќта бидејќи тогаш не го користат уредот како би го наполниле полесно. Но, доколку е погрешно да се полни батеријата до 100 проценти зошто би го практикувале ова освен ако не станете да го исклучите од полнење кога би достигнал 80-90%?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi