ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 чаша интегрално брашно
* 2 стапчиња босилек ситно исецкан
* 2гр сол
* 30гр рендан кашкавал
* 1 домат ситно сецкан
* 10 црни маслинки, без коска и сецкани
* 300мл кисело млеко
* 4 лажици маслиново масло
* 1 јајце
* 1 прашок за пециво
* 2 лажици пченичен гриз
* 10гр сусам
* 1 чаша бело брашно
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Измешајте ги заедно брашното, пецивото, солта, половина од кашкавалот, маслинките, доматите и босилекот.
- Одделно измешајте го киселото млеко, јајцата и маслиновото масло. Потоа додадете ги кон сувата смеса и измешајте со дрвена лажица, без да месите. Добивате лепливо тесто.
- Со подмачкани раце направете топчиња со средна големина. Наредете ги во подмачкана и набрашнета тава, посипете ги со останатиот рендан кашкавал и сусамот.
- Печете ги во загреана рерна на 200 степени, додека да поруменат.