ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 кисела краставичка
* 2 лажици мајонез
* малку сол
* 125гр крем сирење
* 4 јајца
* црвен пипер за попрскување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
– Ги вриме и ги лупиме јајцата
– Ги сечеме внимателно на половина.
– Внимателно ги одстрануваме жолчките и ги гмечиме со вилушка.
– Кон жолчките ги додаваме и останатите состојки и добро промешуваме.
– Ги полниме половинките со подготвената смеса.
– Попрскуваме со малку црвен пипер.