Писмото кое еден маж и го испратил на сопругата за да и каже дека сака развод!

2 јануари, 20180
13

Ова е писмото кое еден маж и го испратил на сопругата, за да и каже дека сака развод. Можеби писмото е реално и некогаш навистина било испратено, но како и да е, многу е интересно и ви препорачуваме да го прочитате.

Драга моја,

Ти го пишувам ова писмо за да ти соопштам дека те напуштам засекогаш. Последниве две седмици беа вистински пекол за мене, твојот шеф ми се јави и ми кажа дека си дала отказ, а тоа беше последната капка во чашата. Минатата седмица се враќаш дома и не забележуваш дека имам нова фризура.

Ти го направив омиленото јадење и те пречекав со новите боксерици, а ти не ме ни погледна, па отиде да си легнеш, со изговор дека повторно те боли глава. Но прво ги изгледа сите турски серии. Веќе не ми кажуваш дека ме сакаш, и не правиш ништо за да ми покажеш дека се грижиш за мене. Или ме изневеруваш, или не ме сакаш. Каков и да е проблемот, повеќе не е важно, бидејќи јас те напуштам.

Твојот бивш сопруг

П.С. Не се обидувај да ме најдеш. Јас и сестра ти се преселуваме во друг град. Уживај си во животот…

Еве го и одговорот на бившата сопруга:

Драг мој бивш мажу,

Твоето писмо ми го разубави денот! Вистина е дека сме во брак вбеќе 7 години, но ти повеќе не си она што беше порано. Гледам турски серии бидејќи во нив актерите покажуваат многу повеќе емоции отколку ти. Забележав дека имаш нова фризура минатата седмица, но единственото што ми падна на памет беше тоа дека изгледаш како жена. мајка ми ме научи да не велам ништо ако немам што убаво да кажам, па затоа решив да молчам. Што се однесува до моето омилено јадење, сигурно си ме помешал со сестра ми, зошто јас таа храна не ја ни поднесувам. Ги забележав и твоите нови боксерици, но затоа што на нив висеше цена од 50 долари, што навистина ме изненади, бидејќи истиот ден сестра ми ми побара на заем 50 долари.

И покрај се, јас те сакав и си мислев, дека ќе ги решиме проблемите. Освоив 10 милиони долари на Лото. Затоа и заминав. Купив две карти за малдиви, но кога се вратив дома тебе те немаше. Веројатно се во животот се случува со причина…

П.С.

Се надевам дека ќе уживате во животот. Адвокатот ми кажа дека поради писмото што ми го остави, нема да добиеш ни цент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi