Лесна супа од црвени пиперки е нашата препорака за денес.
Состојки
- 3 пиперки
- 1 кромид
- 1,5 л говеска супа (или вода + коцка за супа)
- 100 мл сок од домат
- 2 чешниња лук
- 2 лажици остро брашно
- 2 лажици кисела павлака
- прстофат мелено чили
- Бибер, сол
Подготовка
На малку масло пропржете го исецканиот кромид и пиперките исечени на мали парчиња. Динстајте со редовно мешање 15 минути додека пиперката малку не омекне.Тогаш додадете брашно, промешајте па залејте со супата. Додадете го лукот, доматот и другите зачини. Варете со повремено мешање уште 15 минути. Супата изблендирајте ја со стапчест блендер, додадете кисела павлака, по потреба поправете го вкусот ако треба (пробајте пред сервирањето) и оставете ја да се излади.
Послужете ја супата со пржени коцки леб ароматизирани со лук и зачинет со билки.