Состојки
12 лица
- 1 чаша = 250 мл.
- 1/4 чаша путер, растопен и изладен, плус за премачкување на калапи
- 1/4 чаша пченкарно брашно
- 2 чаши бело брашно, плус за подмачкување на калапите
- 1 1/2 лажички прашок за пециво
- 1/2 лажичка цода бикарбона
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 3/4 чаша толчени црвени пиперки
- 1 1/4 сурутка(може јогурт)
- 1 чаша пченка шеќерец
- 1 јајце
- 1/4 чаша свеж босилек
Подготовка
Уклучете ја рерната на 190 °C.
Намачкајте ги со путер и побрашнете ги калапите за мафини.
Во поголема сад промешајте го брашното, пченкарното брашно, прашокот за пециво, сода бикарбона, сол, шеќер и истолчените црвени пиперки.
Додадете путер, сурутка(или јогурт) и јајце и добро соединете ги со миксер. Додадете ја пченката и босилекот и промешајте.
Пополнете 1/3 од калапите за мафини со смесата. Печете ги мафините околу 25-30 минути или додека не добијат фина светлозлатна боја.
Послужете со козјо сирење или сирење по желба.