Состојки:
- 1 л млеко
- 4 пудинзи од ванила
- 250 гр маргарин
- 4 лажици шеќер
- 300 гр шеќер во прав
- 300 гр кокос
- 300 гр кекси
- 1 кг банани
За украсување:
- 100 гр чоколадо за готвење
- 4 лажици млеко
- 50 гр маргарин
Приготвување:
1. Во тенџере се ставаат 8 дл млеко, се додаваат 4 лажици шеќер и се остава да проврие.
2. Одделно се матат преостанатото млеко со пудинг од ванила. Добиената смеса се става во зовриено млеко и се вари на умерена температура со постојано мешање додека не се згусне.
3. Одделно се матат маргаринот и шеќерот во прав. Се соединуваат со изладениот пудинг од ванила и се матат со миксер.
4. На крајот во смесата се додаваат искршени кекси и кокос и добро се мешаат.
5. Добиената смеса се дели на три дела.
6. Бананите се сечат на тркалца.
7. Тркалезен калап за торта се обложува со хартија за печење. Во него се става првиот дел од смесата од кокос и рачно се обликува кора. Се прекрива со тркалца банани, а врз нив се истура и вториот дел од смесата и од неа се обликува кора, а потоа се реди уште еден ред банани и се завршува со кора.
8. Обликуваната торта се остава во фрижидер да се стегне па се вади од калапот и се прелева со глазура од чоколадо (на пареа се топат чоколадото, маргаринот и малку млеко).