Потребни намирници (за 2 лица) – 1 голем модар патлиџан, 2 чешниња лук многу ситно исечкан, 3 лажици квалитетно маслиново масло, сол и црн пипер, малку оцет, малку магоднос, 100 грама фета сирење (или гауда), 1 печена црвена пиперка ситно сечкана (може но и не мора).
Подготовка
Добро се мие патлиџанот, се отстранува коренот и со нож го засекуваме на неколку места. Потоа го завиткуваме патлиџанот во фолија и го ставаме да се пече во рерна.
За околу еде час, штом патлиџанот ќе се испече и ќе омекне го вадиме од рерната и со остар нож го лупиме. Потоа го пресекуваме на средината и го отвораме, го посолуваме со сол и црн пипер, ставаме малку маслиново масло и оцет и го додаваме лукот и сечканата печена црвена пиперка.
На крајот го додаваме изренданото фета сирење и магдоносот. Доколку додаваме гауда модриот патлиџан повторно го враќаме во рерната само на 1 минута за кашкавалот малку да се растопи , доколку пак додаваме фета сирење не треба пак да се пече.
Го сервираме додека е врел, со малку лимон и препечен леб.