Го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето, ги опушта нервите и целиот организам.
Иако во прв ред ги смирува и отстранува потешкотиите, нането има и многу поинтересно дејство. Чајот од нане (мента) го зголемува дотокот на крв во гениталиите и ја зголемува страста, па покрај опуштањето на нервниот систем, во исто време поттикнува и на „акција”, препорачува “Убава и Среќна“.
Состојки:
1 литар вода
200 гр. шеќер
20 свежи листови од нане
Подготовка:
Варете го шеќерот и водата околу 15 минути, тргнете ги од оган, ставете го нането, после 15 минути процадете. Послужете го пијалокот разреден со вода.