Брз освежителен пијалок од лубеница, за жешките денови! Погледнете го и видеото со рецептот https://youtu.be/pSiH6DL5cyw
Состојки
- 3 чаши лубеница
- 1 чаша вода
Подготовка
Лубеницата исчистете ја од семки колку е возможно поубаво и насечете ја на ситни парчиња во чаша од 300 мл.
Такви 3 чаши додадете во блендер па додадете 1 чаша ладна вода.
По блендирањето прецадете ја смесата.
Пијалокот послужете го со многу мраз и по потреба додајте шеќерен сируп.