Здрава, блага ужина која го задоволува секој вкус!
Состојки
2 банана
1/3 чаша путер од кикирики
2/3 чаша пире од јаболко
1 лажица екстракт од ванила
прстофат сол
1/2 лажичка цимет
прстофат мелено каранфилче
прстофат мускатен орев
1 1/2 чаша овесни снегулки
1/4 чаша сецкани ореви
1/4 чаша чоколадни трошки
1/4 чаша стопено кокосово масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја хартијата за печење на тепсијата. Испасирајте ги бананите, путерот од кикирики, пирето од јаболко, ванилата и зачините. Додадете ги овесните снегулки, оревите, чоколадните трошки и кокосовото масло и промешајте ги додека не се обединат. Одделете топчиња, за секое ви се потребни две лажички мешавина, а потоа наредете ги на тепсијата.
Печете 20-30 минути.