Плескавици од киноа и зеленчук: Ќе ви се допаднат при првото залче!

popara18 септември, 20181min00
к

Крцкавоста на киноата и преливот од рен никој нема да го остави рамнодушен. Може да се послужат како предјадење или главно јадење.

Состојки

киноа 1 чаша (200) гр

зеленчукова супа 2 исти чаши

замрзнат зеленчук (златна мешавина) 250 гр

jajце 1 помало

меко брашно 150 до 200 гр

сол 1 лажичка

мелен бибер 1/2 лажичка

масло за пржење по потреба

прелив со рен 100 мл

дресинг за цезар салата по желба и вкус

Подготовка

Во тенџере ставете 3 чаши вода, додадете рамна лажичка сол и кога водата ќе зоврие, додадете го замрзнатиот зеленчук. Варете во полупоклопен сад додека зеленчукот не омекне, а потоа процадете го, а водата сочувајте ја.

Киноата  ставете ја во тенџере, 2 чаши вода од течноста во која е варен зеленчукот, рамна лажичка сол и оставете го да зоврие. Потоа намалете ја температурата и оставете ја киноата да се вари 15 минути, со полупокриен капак. Потоа тргнете го тенџерето од шпоретот, покријте го и оставете малку да се излади. Изладена по потреба процадете ја.

Изматете го јајцето, додадете го исцадениот зеленчук и киноа, бибер и, со постепено додавање на брашно, измешајте ја смесата за плескавици. Со лажица вадете од смесата, со валкање во брашно рачно формирајте плескавица и малку засечете ја со нож.

Загрејте го маслото, а потоа со голема лопатка земете ги плескавиците и ставете ги да се пржат на двете страни до да не поруменат. Вадете ги на кујнската хартија за да го впие вишокот на маснотии.

Послужете ги со прелив од рен и по желба, со уште малку цезар прелив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag