Не само што е здраво да се пие смути од боровници, туку има и многу интересна боја поради која помладите членови на семејството ќе сакаат да го консумираат со задоволство.
Боровинки се сини, поточно темно виолетови поради антоцијанот, пигментот кој исто така е добар антиоксиданс и служи за борба против воспалителните процеси во телото.
Состојки:
250 ml млеко (најдобро е да се определите за растително млеко како што е бадемовото или оризовото)
1/2 чаша банани
1/2 чаша боровинки
Доколку сакате можете да ставите засладувач
Цимет или мед за подобрување на вкусот
Лажица ленено семе
1/4 чаши овесни снегулки
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во миксерот и миксирајте ги додека не добиете изедначена смеса.
Пијалокот содржи: 190 калории, 1 г маст, 38 г јаглехидрати, 4 г влакна, 27 г шеќер, 10 г протеини