Овој рецепт ќе го обожавате и секогаш ќе ви успее, дури и ако сте почетник во кујната.
Состав:
– 2 помали, тенки и кратки зелени пиперки
– 200 гр шампињони
– 100 гр чаден кашкавал
– 100 гр сварен ориз
– пакување со тенок насечена панцета
– сол, бибер и оригано
Подготовка:
Пиперките измијте ги па исчистете ги од семки и исечете ги на половина.Печурките ситно исецкајте ги и пропржете ги на маслиново масло, да пуштат малку сок.
Во сад промешајте го ситно исецканиот чаден кашкавал, варен ориз и зачини. Додадете ги пропржените печурки и добро измешајте.
Секое “кајче” од пиперка наполнете го со фил, а потоа замотајте го со две до три парчиња панцета, која можете да ја зацврстите на краевите со чепкалки. Печете во рерна на 180 степени околу 15 до 20 минути.