Само една вежба за совршен задник

3 јануари, 20180
10

Ќе ви покажеме само една вежба, чии резултати се навистина видливи

 

Добро ни се  познати изговорите кои повеќето од нас ги користат за да го избегнат вежбањето. Сепак, соодветна замена за начинот на живот кој вклучува малку движење е вежбањето дома.

Полесно е да се каже отколку да се направи, но со помош на популарниот реквизит, пилатес топка, лесно може да си дозволите конкретни вежби  со кои ќе го зајакнете, на пример задникот, но уште поважно е да ги зајакнете мускулите на карлицата.

vezba 234

Оваа едноставна вежба со пилатес топка на вашето тело му дава непосреден ефект и се додека лесно го подигате и спуштате вашето тело сите мускули на задникот и долниот дел на грбот се во функција со што истовремено ја зајакнувате својата сила и издржливост.

Прв чекор

Легнете на рамна, тврда површина така што рамениците нема да ги придвижите од земјата, а нозете испружете ги директно на топката не свиткувајќи ги колената.

 

Вториот чекор

Стиснете ги мускулите на задникот и подигнете го од земја, потпирајќи се со нозете на топката со рацете испружени покрај телото. Ќе  почувствувате напнатост во долниот дел на грбот, каде  вашите стомачни мускули ќе ја завршат својата работа. Останете во оваа положба  10 до 15 секунди.

Трет чекор

Задржете го задникот подигнат, а потоа свиткајте ги колената и придвижете ја топката кон вас се додека вашите стапала не се најдат на целата површина на топката.

После вежбата , истегнете ги  нозете и  вратете се во првобитната положба , и повторете ја вежбата во серии до пет пати. Не е комплицирано, нели ?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi